Македонија

Здравствените работници ќе бараат да престане насилството од страна на пациентите – протестот ќе се одржи денес

Под мотото „Стоп за насилство врз здравствени работници“ денеска претпладне во кругот на Клиничкиот центар ќе се одржи протест, во организација на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.

Протестот следува по неодамнешните напади на лекари и медицински персонал во болницата „Свети Наум Охридски“ во Скопје, во Поликлиниката Драчево, а напади имаше и во Тетово и во Кавадарци.

Поддршка на протестот најавија и министерот за здравство Венко Филипче, Синдикатот на Клинички центар, како и членови на здруженија на здравствени работници.

Филипче минатата недела најави дека професионално обезбедување ќе се грижи за безбедноста на медицинскиот персонал во дел од болниците. Како најкритички локации што се планира да добијат обезбедување се старата градска болница „Свети Наум Охридски“, Ургентниот центар, клиниките за кардиологија, за токсикологија и за психијатрија.

На почеток