Коментари

Јоци за Груевски: Му монтирале милионски тендери, купување плавеци на Водно, поткуп на избори, нарачки, а он избега ради уметнички дојам

„Му монтирале, невин бил.
Му исекле 5 мин.муабет за Нешковски (за што типов имено нема ни обвинение) и дрви во статуси дека е невин за се’.

Му монтирале купување на плацеви на Водно, незаконско рушење на ,,Космос”, притисоци врз пратеници за гласаат за амнестија околу Хашки случаи, местење милионски тендери за патишта за лична имотна корист, местење на тендер за ,,мерцедес”, местење на избори, купување луѓе од Пустец, насилство, нарачки по медиуми, уништување на медиуми….Се` му е наместено, не е негов глас, ич. Затоа и ништо од тоа не споменува.
Он избега ради уметнички дојам и ги остави сите да се дават у негов шит, не затоа што му виси одење во затвор и минимум уште 5 обвиненија.

Не верувам дека вмровците, кои, му пуштаат срценца ги слушаа муабетите своевремено, но јас ги слушав сите.
И само оние кои не го слушале внимателно, може сотонава да ги манипулира вака. И да го слават што ги покрал.

Ти, Груевски, си падна, те пуштија и нема да се вратиш пошто ,,поголемите” така рекоа. Напиши статус за тоа, раскажи кој и зошто те пушти и сега си живееш во разузнавачки стан. Сигурно не си отиде стварно во гепек, преку 6 граници, па дај – само малоумни може во тоа да веруваат.
Раскажи и дека ,,бомбите” ги имаше уште БЦ, ама немаше муда за нив.
Затоа и он е лоша историја. И ти си.

И ради тебе имено Македонија е опустошена до гола кожа од кредити, а сегашниве продолжуваат, а прашање е и кога партијата ќе се врати на власт“, пишува Јорданка Ивановска-Јоци на „Фејсбук“ по статусот на експремиерот и бегалец Никола Груевски.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10219845341903899&set=a.10206993089605624&type=3&theater

На почеток