Македонија

Честитка од претседателот Џафери до Бошњачката заедница

Честитка од претседателот Џафери до Бошњачката заедница

Почитувани сограѓани, припадници на Бошњачката заедница,

Дозволете од свое лично име, и од името на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, искрено да Ви го честитам 28-ми Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците.

Ви посакувам, како на овој ден, така и секој ден, да се гордеете со вашето потекло, да ги раскажувате и да ги негувате бошњачките обичаи и традиции и секогаш сплотени со вашите најблиски, да постигнувате успеси и напредок, но пред сѐ ви посакувам добро здравје и семејна благосостојба.

Оваа држава ја сочинуваат и прават единствена сите заедници, и бошњаците како заедница се значаен дел кој секојдневно придонесува со својата уникатност во сите сфери од општествениот живот. Дозволете оваа убава празнична прилика да ја искористам да Ви искажам искрени желби за заеднички да го градиме нашето секојдневие, да придонесеме нашата држава да биде пример за просперитет, успех и добар живот.

Драги пријатели, дозволете уште еднаш да Ви го честитам  празникот и да посакам да се слави многу години!

Со почит,

        

    м-r Talat Xhaferi

На почеток