Зад продажбата на новата градска куќа од страна на Петре Шилегов се крие основан сомнеж за криминал. Шилегов новиот купувач на градската куќа ќе го “почасти”, гратис земјиште и нула износ на комуналии, истакна Ирена Попова, Советник во Советот на Град Скопје.
Еве ги и фактите:
– фрапантно е што Шилегов новиот купувач на градската куќа ќе го части со гратис бесплатно земјиште и нула денари комуналии за градот Скопје. Имено градската куќа беше планирана како објект каде ќе биде сместена градската администрација, и за таа цел Градот искористи државно земјиште, а градбата беше ослободена од комуналии. Сега Шилегов ќе го почасти новиот купувач и газда со гратис бесплатно земјиште и комуналии.
– Продажбата ќе оди преку негативна електронска аукција што значи дека цената на продажбата може и да паѓа. Значи сумата која е инвестирана ќе биде повисока, од цената по која ќе се продаде, а Скопје ќе бележи загуба.
Објаснувањата на Шилегов дека сега се сетил дека градбата е нефункционална се излитен параван зад кои се крие сомнеж за криминални интереси. Ако било тоа така зошто овој градоначалник вложи и инвестираше 3 милиони евра за довршување на објектот. Значи Шилегов според неговите зборови дозволил инвестиција во објект кој за него е нефункционален и тоа изнесува 3 милиони евра.
Бесплатното земјиште и комуналии е врвот на неодговорното и разуздано владеење на Шилегов. Ова е нова бомбона бизнис во кој нашите сомнежи се дека некој значително ќе се офајди.
Пред очи на целата јавност се случува разграбување и оштетување на имотот на Скопјани.
2 години крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминали и неработа, истакна Ирена Попова, Советник во Советот на Град Скопје.