Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со слаб до умерен ветер претежно со западен правец. Утринските температури ќе се движат од 5 до 13 степени, а дневните ќе достигнат од 25 до 31 степен Целзиусов.
И во Скопје и околината слично време, сончево и топло со слаб до умерен јужен ветер. За утре метеоролозите најавуваат сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец.
Според најавите, топлото и ведро време ќе се задржи до средината на неделава, односно до четврток кога ќе се зголемат условите за локален дожд.
Почетокот на неделава сончево и топло, крајот облачно и дожд
Од
Објавено на