Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Поразот за СДСМ на следните избори е се поочигледен., анкетите покажуваат дека паѓа довербата во  Заев и неговата Влада

Паниката на СДСМ секојдневно расте.Политичката кариера на Зоран Заев е завршена. Поразот за СДСМ на следните избори е се поочигледен. Анкетите покажуваат дека паѓа довербата во  Заев и неговата Влада.Веќе е јасно дека идната Влада на Република Македонија ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ. Поради оваа причина Заев се плаши од предвремени парламентарни избори.

Граѓаните на Република Македонија нема да ги заборават криминалиите на оваа власт, нема да го заборават рекетот, политичкиот прогон и уназадувањето на државата на секое поле. Истрагата за Рекет претставува класичен пример како не треба да функционира една држава.Граѓаните кога и да се случат изборите ќе го казнат Заев и СДСМ. Европската иднина на Република Македонија е загрозена поради криминалната влада на Заев.Со премиер како Зоран Заев напредок во нашата земја нема да има, освен стагнација. Време е да се стави крај на криминалното владеење на СДСМ и Заев. Време е да започне обнова на Република Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

 

На почеток