Македонија

Заев за сведочењето на Верушевски: Модификацијата на „бомбите“ се однесува за „Рекет“ и Ел Чека

Премиерот, Зоран Заев, денеска го прокоментира сведочењето на поранешниот шеф на УБК, Зоран Верушевски, кој на рочиштето за „Таргет-Тврдина“ рече дека по неговото апсење „бомбите“ биле „страотно модифицирани и компромитирани“.

-Во комункација сум со него, затоа реков дека на второто рочиште со очекуваните прашања ќе бидат појасни и неговите ставови. Мене ми е јасно, ми објасни, дел сум од тој период и апсолутно ми е јасно. Точно е дека материјалите се предадени на Верушевски како што велат Звонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски, правно формално на СДСМ се предадени, но ги прима Верушевски. Јас сум тогаш претседател на СДСМ. Поради разочараноста дека некој го злоупотребил СЈО во случајот „Рекет“, дека се појавил Ел Чека, не знам што, тој го кажува делот со модицифираноста и компромитираноста на самите материјали. Да потенцирам ниту еден од обвинетите во предмети на СЈО не ја оспорува автентичноста на материјалите, дури и форензиката ја потврди автентичноста – рече Заев.

 

На почеток