Македонија

Aнтикорупционерите го објавија имотниот лист на министерката за финансии – Ангеловска пријавила личен имот и депозити од 300.000 евра

Државната комисија за спречување на корупција го објави Анкетниот лист на министерката за финансии, Нина Ангеловска. Ангеловска (30) која е првата жена министер за финансии на Македонија, пријавила лични депозити од 300 илјади евра во две банки.

Таа во „Еуростандард“ има скоро 200.000 евра денарски депозит од 2014 и 51 илјада евра девизен депозит во истата банка од 2017. Во УНИ банка има девизен депозит од 33 илјади евра од 2015. Има и други помали девизни и денарски сметки.

Министерката пријавила и недвижнини – деловен простор од 16 метри квадратни, односно еден од 5 и другиот од 11. Двата заедно вредат околу 4 милиони денари. Ангеловска исто така пријавила акции од 1,6 милиони денари стекнати во 2012.

Кога станува збор за нејзините примања како министерка за финансии, податоците на новите функционери сѐ уште не се ажурирани од владата, па така стои платата на нејзиниот претходник Драган Тевдовски во висина од 70 илјади денари.

 

 

На почеток