Волк усмртил 40 овци, петнаесетина повредил, а четриесетина побегнале од стадото на жител од тетовското село Вејце. Овчарот случајот го пријавил во Секторот за внатрешни работи во Тетово.
-Во СВР Тетово, Џ.Џ.(52) од тетовското село Вејце пријавил дека во периодот помеѓу 28 и 29 септември во атарот на селото Бозовце дивеч, најверојатно волци, му усмртиле 40 овци. Од останатите, 15 биле повредени, а 40 избегале и воопшто не се вратиле во неговото стадо. Извршен бил увид, соопштија денес од тетовската полиција.