Македонија

Заврши првото тримесечје „Мој ДДВ“: Првата исплата на пари кај граѓаните до крајот на декември

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека вчера завршило првото тримесечје од реализацијата на мерката поврат на 15% од пресметаниот ДДВ, а граѓаните преку апликацијата „Мој ДДВ“ и преку посебните киосци скенирале 22,67 милиони фискални сметки и треба да им се исплатат вкупно три милиони и 28.000 евра.

Во периодот од 1 јули до вчера регистрирани се 170.378 корисници на апликацијата МојДДВ, кои може да очекуваат парите да им бидат исплатени на трансакциските сметки до крајот на декември годинава.

Потоа во текот на февруари 2020 година ќе се исплаќаат собраните суми од ДДВ во периодот од денеска до крајот на годината, а во април следната година ќе се исплаќаат сумите за првите три месеци од 2020 година.

Износот на сумата која ќе ја добиете доколку скенирате сметки може да го видите на  веб апликацијата МојДДВ https://mojddv.ujp.gov.mk/

 

На почеток