Граѓанскиот Независен полициски синдикат денеска одржува централен протест низ цела Македонија. Со протестот сакаат да ги алармираат надлежните за како што наведуваат лошите услови за работа на полицајците и на затворската полиција. На централниот протест независниот полициски синдикат ќе биде поддржан од претставници На Словенија , Србија, Романија и на Бугарија.
Барањата од синдикатот ќе ги соопштат на прес конференција на која ќе се обрати претседателот Гоце Делчев Тодев. За време на протестот кој почнува утрово а ќе трае до попладне ќе бидат блокирани повеќе сообраќајници во Скопје и низ земјава.