Времето во Република Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни претпладне во јужните и источните делови каде што попладне ќе завршуваат.
Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата, за скоро 10 тина степени. Синоптичарите за следниве денови најавуваат доста посвежо време со силен северен ветер.
Максималните дневни температури ќе се движат до 20 степени. Пороен дожд и северен ветер денеска и во Скопје и максимална температура до16 степени.
Врнежите ќе продолжат и следната недела.