Институтот за економски анализи Фајнанс тинк (Finance think) го објави инфографикот на тема Јавна администрација: големина и продуктивност. Оваа нивна анализа покажа дека имаме администрација која не е квалитетна, а една од главните причини за тоа е вработувањето и напредувањето без почитување на принципот на квалификации, компетенции и заслуги. Според оваа анализа, во четири сектори има најголема концентрација на административци: јавна управа и одбрана, образование, здравство и социјала и уметност забава и рекреација.
Бројот на вработени, како што покажува анализата, од 2011 до 2018 година е во постојан пораст. Споредено со 2011, во 2018 година вработувањата во јавниот сектор од овие дејности се зголемиле за 17,2 отсто, речиси исто колку што пораснала и вкупната вработеност во економијата за истиот период (17,6 отсто).