Бактерија МРСА е откриена кај воспитувач и дете од градинката „Весели цветови“, клон Кокиче во општина Кисела Вода, но нема потреба од паника, изјави денеска за МИА д-р Билјана Даниловска од Центарот за јавно здравје Скопје.
– Направивме епидемиолошки увид, дадовме препораки да се дезинфицира градинката. Бактеријата не е опасна за здрави деца, опасна е за пациенти кои биле на болничко лекување односно кај лица со намален имунитет. Опасна е и за новороденчињата – велат во Центарот.
Во февруари годинава имаше четворица пациенти со МРСА во градинка „Снежана“ во Чаир и во осноното училиште „Панајот Гиновски“ во Бутел.