СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Ќ.(45) од с.Челопек, тетовско и Р.Г.(30) од с.Милетино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 27.08.2019 во угостителски објект на ул.„Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници извршиле преглед кај пријавените, при што кај првопријавениот пронашле и одзеле кокаин, додека кај второпријавениот пронашле и одзеле амфетамин.