Магазин

Ивановски и Поп Арсова со нови државни рекорди во улични трки на 10 км во Скопје

Дарио Ивановски и Андријана Поп Арсова ги соборија државните рекорди на 10 километри (улочна трка) на денешното издание на 10-километарската трка низ улиците на Скопје. Трета година по ред низ улиците на главниот град се појавија над 2000 натпреварувачи на трката „Skopje Run 10K“, објави sportmedia.mk.

Во машката категорија Дарио Ивановски победи со нв рекорд на Македонија од 31:07 минути, втор беше Милош Ранчиќ со 33:44 минути, трет Атанас Анчевски со 33:49 минути.

Во женска конкуренција, победничка на трката беше Теодора Симовиќ од Србија со 34:59 минути, а второто место го зеде Андријана Поп Арсова со 37:02 минути што е нов рекорд на Македонија. Третото место и припадна на Билјана Кираџиева со 37:59 минути.

Текстот е превземен од: sportmedia.mk.

На почеток