Македонија

Владата и МОН нудат 10% поголеми плати за просветните работници

Владата и Министерството за образование и наука на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) му понудија зголемување на платите во образовната дејност за 10 проценти од април 2020 година.

„Имаме конкретен предлог за покачување на платите, и јас би кажал дека ова е историско покачување на платите во дејноста образование. Така што, конкретниот предлог е од април, платите да бидат покачени за дополнителни 10% во дејноста образование, почнувајќи од основно, средно, високо и наука. Така што во 2018 сме имале 5% покачување на платите, во 2019 од септемвриската плата со дополнителни 5% и априлската плата ќе биде во 2020 година, со 10% покачување на платите“, изјави министерот за образование и наука Арбeр Адеми по средбата.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков рече дека предлогот допрва ќе биде разгледуван во Синдикатот, но тој лично смета дека секогаш може многу повеќе да се издејствува во преговорите.

„Лично како човек, а не како претседател на СОНК, секогаш се трудам и тежнеам кон нешто повеќе, во однос на она сегашното. Така да, сметам дека може и повеќе“, изјави претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

 

 

На почеток