Македонија

ВМРО НП се оградува од таканаречени членови кои се изјаснуваат дека ја напуштаат ВМРО-НП и преминуваат во ДПМНЕ

ВМРО-Народна партија се оградува од постапките на таканаречени членови кои на прес-конференции се изјаснуваат дека ја напуштаат ВМРО-Народна партија и преминуваат во ДПМНЕ.

Ниту е прв, а ниту последен пат некогаш владеачката, а сега опозициската ДПМНЕ да прави таканаречени диверзии со некакви членови кои ниту се појавиле во ВМРО-Народна партија ниту фигурираат во архивските списи како членови.

ВМРО-Народна партија смета дека со ваквите неартикулирани постапки ДПМНЕ само го покажува стравот од силна ВМРО-Народна партија, особено сега кога членството и сите општински комитети се активирани во своите општини работејќи на подобрување на условите за живеење преку разни програми.

ВМРО-Народна партија упатува апел до сите членови, симпатизери и гласачи да не наседнуваат на ваквите провокации и ситни испади на опозициската ДПМНЕ бидејќи станува збор за веќе видено сценарио особено во моменти кога ДПМНЕ јавно го манифестира стравот од зајакнувањето на ВМРО-Народна партија, се вели во соопштението од ВМРО  НП.

На почеток