Почитувани граѓани на Република Северна Македонија,
Дозволете од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, да Ви го честитам државниот празник 11 Октомври, Денот на народното востание.
Ова е ден со кој се обележува почетокот на одлучната борба против фашизмот – најголемото зло во историјата, и почетокот на решителната борба за слобода и достоинство, со што била дадена поддршка и помош за победата на доброто врз злото во Втората светска војна. Денешниот празник е значаен ден во историјата на државата и јас посакувам сите да го одбележиме достоинствено и во големо празнично расположение.
Борбите на народите се менуваат низ годините, начините на борба исто така се менуваат согласно со современите предизвици што ги носи брзиот технолошки развој. Меѓутоа, едно остануваа исто засекогаш а тоа е, никогаш да не заборавиме да бидеме на вистинската, исправна страна, односно да се бориме за достоинствен и еднакво добар и квалитетен живот за сите. Заедно да го изодиме патот на евроатланската интеграција и да градиме стабилна и сигурна иднина за идните генерации во држава која ќе биде пример за успех во историјата.
Дозволете уште еднаш да Ви го честитам државниот празник 11 Октомври и да Ви посакам убав празничен ден во кругот на вашите најблиски, се вели во честитката на Арбен Џафери.