Пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски и Потпретседателката на Собранието која е осомничена во истрагата за финансиски криминал на Меѓународниот сојуз не чувствува никаква вина. Таа изјави дека пред да бидат објавени факти во врска со случајот , новинарите веќе објавувале детали за нејзина вина во случајот и многумина известувале неетички.
Инаку Ременски остана без пасош и не смее да го напушти Скопје, по барање на обвинителката Вилма Русковска која што ја осомничи во проширената истрага за случајот „Рекет“.
Пратеничката од СДСМ, денеска беше два часа на распит пред судија на претходна постапка.