Македонија

ССМ се залага за минимална плата од 15.110 денари, преговорите сеуште траат

Минимална плата не пониска од 15 илјади денари., бара Синдикатот. Според нив на тој начин работниците ќе можат да ги задоволат барем основните животни потребим сметаат од ССМ.

– ССМ се залага за зголемување на минималаната плата која не треба да биде помала од  60% од просечната плата во земјава, или како што во моментов стојат работите, значи минимална плата од 15.110 денари. Исто така предлагаме да се донесе Закон за плати, каде трудот ќе се вреднува со коефициент, истакна Дарко Димовски, претседател на ССМ

Од организацијата на работодавачи и Бизнис конфедерацијата пак велат дека максимумот кој што можат да го дадат е 13,500, односно 14 илјади денари.

Инаку преговорите меѓу Владата, Синдикатот и работадавачите за зголемување на минималната плата, која сега изнесува 12.500 денари, сеуште траат.

На почеток