Македонија

Николовски: Честит 11 октомври, заветот на борците е наша водилка

Нема поголема чест од тоа да се обратам, во присуство на целото раководство на СДСМ, токму од тука од Куманово  и во име на СДСМ да го честитаме празникот 11-ти октомври. Од градот херој кој не само што беше меѓу првите во народното востание туку ги даде и најголемиот број на народни херои, истакна Љупчо Николовски, Генералниот секретар на СДСМ. 

Херои, борци, учесници во НОБ – Ви благодариме!

Ви благодариме што се вградивте во темелите на нашата македонска држава!

Ви благодариме што застанавте на страната против фашизмот!

Ви благодариме затоа што без вашата жртва, без вашата решителност и храброст немаше да можеме денеска да зборуваме за иднината. 

Почитувани граѓани,

Заветот од учесниците на НОБ, она за што се изборија, а тоа е слободна и напредна држава во сојуз со прогресивните сили, мора да го чуваме и сите да бидеме посветени на тоа. После 78 години повторно сме на чекор од остварување на уште една стратешка, национална, граѓанска цел: членство во НАТО и ЕУ!

Е тоа е вистинскиот патриотизам на денешното време, на денешната историја и на овие генерации. Затоа велиме дека сме на прав пат! Продолжуваме, по патот на слободата, еднаквоста, патот на сигурноста!

Нека е честит 11 октомври!

 

На почеток