Пет лица се прободени со нож пред трговскиот центар Арндејл во Манчестер, пренесе Би-би-си. Осомничениот во негови 40-ти години вооружен со нож, трчал наоколу и случајно прободувал луѓе, изјави сведок за Би-би-си.
Брзата помош соопшти дека добила повик во 11:17 часот по локално време.
На социјалните мрежи се појавиа фотографии и видеа од месотото на настанот на кои може да се забележи големо полициско присуство.
Нападот се случил на приземјето од трговскиот центар.