Пет џихадисти на ИСИС побегнале од затвор во северна Сирија по турското бомбардирање, изјави гласноговорникот на курдските сиријски демократски сили, Марван Камишло, пренесува Индепендент. Тие побегнале од затворот во градот Камишлија.
Истовремено, жените поврзани со ИСИС ги нападнале полицајците со камења за време на немирите во кампот во регионот во кој Турција ги започна нападите.
Жените, како што информира Камишло, физички ги нападнале безбедносните служби и ги запалиле шаторите.