Магазин

Претерано гледање телевизија знак за депресија

Американско истражување покажува дека претераното гледање телевизија може да биде знак за депресија.

Научници од Универзитетот Тексас користеле податоци собрани од околу 300 испитаници на возраст од 18 до 29 години, при што се покажало дека испитаниците кои биле депримирани и осамени биле наклонети кон подолго гледање телевизија.

Најдолго телевизија гледале учесниците во истражувањето со најизразени симптоми на депресија.

Истражувачите инаку утврдиле дека испитаниците гледањето тв често го сметале за средство за оддалечување на мислите од сопствените негативни чувства, но таа појава била поврзана и со поголеми шанси за добивање вишок килограми.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток