Македонија

Јавното обвинителство започна предистражна постапка за „Рекет 2“

Јавното обвинителство започна предистражна постапка за „Рекет 2“,  откако Вера Иванова поднесе кривична пријава против директорот на фондот за здравствено осигурување Ден Дончев и министерот за здравство Венко Филипче. Пријавата беше проширена и против уште една личност, објави plusinfo.mk.

Во пријавата се тврди дека тие здружено презеле дејствија со кои ја оштетиле и неа, но и Буџетот на Република Македонија, во обид да стопираат влез на странска инвестиција во Македонија вредна 11,5 милиони евра.

Извор: Plusinfo.mk

На почеток