Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски се ожени викендов со неговата девојка Андријана Јакимовска. Неодамна, неговата девојка објави на Фејсбук заедничка фотографија од Порторож со која ја најави свадбата.
Судбоносното „да“ го кажаа во манастирот Јоаким Осоговски во Крива Паланка.
Николовски ја запроси својата сопруга во словенечкото гратче Порторож покрај брегот на Јадранско Море, пред неколку месеци, кратко откако се повлече од министерското место во Министерството за земјоделие.