На 13.10.2019 во 14.20 часот било пријавено дека во Охрид на бул.„Туристичка“, патничко моторно возило „ауди“, со струшки регистарски ознаки, управувано од М.К.(38) од Струга удрило во велосипедистот Ј.А.(59) од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот и бил пренесен во Општата болница Охрид за укажување на лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид.