Македонија

Референдумот ќе биде без цензус, вели Божиновски

На референдумот ќе гласаат меѓу 39% и 45% што значи дека тој нема да биде успешен, прогнозира директорот на ИПИС, Владимир Божиновски во својата најнова анкета. Според неговото истражување спроведено меѓу граѓаните кои живеат во Македонија на гласање би излегле околу  54% од граѓаните, но кога ќе се додадат и оние кои се иселени и нема да гласаат на овој референдум, тогаш Божиновски смета дека излезноста ќе биде околу 42%, со маргина на грешка од 3 процентни поени.

43, 4 проценти од граѓаните ќе излезат на референдумот на 30 септември и ќе гласаат “ЗА”. 10, 9 проценти ќе гласаат “ПРОТИВ”, а 28,7 проценти од граѓаните нема да излезат на гласање. Ова го покажува последното истражување на Институтот за политички истраажувања ИПИС спроведено од 15 до 18 септември врз 1110 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. За разлика од идтраѓувањето направено во Август за 6 проценти пораснал бројот на оние кои нема да излезат на гласање. Минимално, односно за 0,2 проценти се зголемил бројот на оние кои ќе гласаат “ЗА”, а речиси 10 проценти опаднала бројката на оние кои ќе гласаат “ПРОТИВ”. Од ИПИС велат дека до одржувањето на референдумот се очекува натамошен пад на оние кои би гласале против со оглед на отсуство на кампања која би ги мотивирала да гласаат, но и одреден пораст кај оние кои би гласале „ЗА“, како и оние кои ќе се одлучат да бојкотираат.

Од споредбата помеѓу истражувањето спроведено во Август и најновото од септември се забележува дека нема значајни промени кај испитаниците кои ќе излезат на референдумот и ќе гласаат ЗА, додека има намалување кај оние кои се ПРОТИВ, за сметка на зголемувањето на оние кои НЕМА да гласаат/ќе БОЈКОТИРААТ. Зголемен е и бројот на неопределените. Овие трендови беа очекувани со оглед на тоа дека практично не постои кампања за референдумот која би повикувала на гласање против, додека најактивни се кампањите за гласање ЗА и кампањата БОЈКОТИРАМ (претежно на социјалните мрежи). Во моментот кога беше завршено истражувањето (18.09.2018), 54,3% од граѓаните изјавиле дека ќе гласаат на референдумот (43,4% за и 10,9% против), се вели во известувањето од ИПИС.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток