Франција не го сменила ставот за проширувањето на Европската унија на вчерашната средба на амбасадорите на ЕУ во Брисел. Според извори на „Фокус“ расправата меѓу амбасадорите завршила без конкретна одлука, што се потврди и со одбивањето на предлогот кој го понуди финското претседателство, а кој предвидуваше старт на преговори за Македонија, и промена на методологијата за преговарање со ЕУ, објави Фокус.мк.
Бидејќи амбасадорите на ЕУ биле далеку од консензус, нема оптимизам дека членките ќе ги доближат своите ставови на денешниот Министерски состанок за општи работи во Луксембург. Дипломатски извори велат дека позицијата на Франција се уште не е сменета. Париз и понатаму смета дека се потребни внатрешни реформи во ЕУ пред да се даде зелено светло за пристапни преговори со Македонија и Албанија.
Текстот во целост на: фокус.мк