Македонија

ОЈО Струга отворило предмет за случајот во кој е вмешам заменик министерот за здравство Асим Муса

Струшкото основното јавно обвинителство отворило предмет за случајот во кој е вмешам заменик министерот за здравство Асим Муса. Во рамки на предистрагата со меѓунардона помош ќе се бараат оригиналните снимки на кои се гледа како министерот зема 50 евра.

Инаку предмалку заменик министерот кажа дека ќе поднесе оставка по скандалот кој го објавија медиумите.  Имено на видео снимка се гледа како министерот фатен во корупциски скандал. Според снимката Муса прима 50 евра за мито за да изврши операција врз Албанец во клиниката во Струга.

„Ова е стапица со која сакаат да ми ја нарушат професионалната и приватна фигура“, истакна меѓудругото Муса на денешната прес конференција.

Снимката е направена од екипа на албанската телевизија Топ Чанел ИН7, а објавена во популарната емисија „Фикс Фате“. Имено, новинар од телевизија се претставува како пациент и се договара со Муса, кој наводно бара мито од 1000 евра.

 

На почеток