Македонија

Груевски му откажа полномошно на адвокат – ќе добие бранител по службена должност за „Талир 2“

Судскиот процес за незаконската градба на палатата на ВМРО-ДПМНЕ, во кој се обвинети Никола Груевски и Кирил Божиновски, пак не почна, зашто Груевски непосредно пред почетокот му откажал полномошно на својот адвокат, Донче Наков.

На претходното рочиште Наков рече дека во фаза на истрага добил полномоштво од Груевски да го застапува за овој предмет, но поради преносот на обвинението од СЈО во скопското обвинителство, случајот има друг број и е застапуван од скопски обвинител, а за тоа тој морал да се консултира со неговиот клиент.

Судењето за овој предмет една година не може да почне со главна расправа зашто повеќе од 7 месеци траеше само оценката на обвинението.

 

На почеток