Богдан Дамјановски е новиот сопственик на 1тв. Тој не и познат на македонската јавност. Роден е во 1942 година, или денеска има 77 години. Живее во скопската населба Кисела вода. Новиот сопственик ја превзеде телевизијата во време кога течат истрагите на УЈП и процесите на истражните органи во процесот случајот Рекет, објави ИРЛ.МК
ИРЛ разговараше со извори вклучени во водењето на истрагата кои потврдија дека телевизијата сега има нов сопственик, односно дека дошло лице кое се претставило како новиот газда којшто со раководството направил договор за преземање на долговите на фирмата, а за возврат, тој бесплатно ги добива уделите.
Долговите на телевизијата според УЈП се над 400,000 евра.
