Скопје

Кривична пријава против странските државјани – од Скопски продавници краделе брендирана гардероба

Единицата за имотни деликти и малолетничка деликвенција при СВР Скопје поднесе кривична пријава против странските државјани А.Ц.(19) и С.Ш.(22), двајцата од Република Косово, поради постоење основи на сомнение дека сториле две кривични дела „тешка кражба“. На 11.10.2019 година околу 17 часот во трговски центар во Скопје, од два објекти со употреба на сила одзеле брендирани  производи, здобивајќи се со противправна имотна корист. Лицата се лишени од слобода, а одземените предмети се вратени на сопствениците.

 

На почеток