Скопје

Вработените во Општина Аеродром го одбележаа Денот на гладот

Црвениот крст на Кисела Вода денеска спроведе бесплатен преглед на шеќер во крвта за вработените во Општина Аеродром.

Прегледот беше организиран по повод Меѓународниот ден на гладот, 16 октомври, а за таа цел синдикатот на Општина Аеродром донираше финансиски средства на Црвениот крст на Кисела Вода.

Меѓународниот ден на гладот во светот се одбележува за да се подигне свеста на луѓето за овој проблем, како и за достигнувањата на милиони луѓе кои веќе го надминале проблемот со гладот и ги задоволуваат основните потреби.

На почеток