Македонија

Пендаровски се сретна со Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

 На средбата беа разменети мислења и информации за тековните активности на комисијата, како и за состојбите со културното наследство во државата.

 Претседателот Пендаровски ја истакна важноста на работата на комисијата, во функција на унапредувањето на верските слободи и права во Северна Македонија.

 Имајќи го в предвид фактот дека во Северна Македонија се регистрирани 36 верски заедници, претседателот Пендаровски посочи дека е подготвен да соработува со сите верски заедници, во интерес на меѓусебното разбирање и толеранција.

 Директорот Сотировски истакна подготвеноста да продолжи и да се унапреди добрата соработка на комисијата со Кабинетот на Претседателот.

На почеток