Магазин

Цеца ќе стане баба – Снаата ќе ја пазам повеќе од кога и да било за да новиот член ни пристигне во весела атмосфера

Вереницата на Вељко Ражнатовиќ, Богдана, е во вториот месец на бременоста. Балканската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ напролет ќе стане баба.

Овие вести ги потврди и мајката на Богдана која истакна дека се пресреќни поради радосните вести. Од друга страна, Цеца на својот „Инстаграм“ се огласи и напиша дека се преубави вести за нејзиното семејство.

„Честитам, ова е убава вест за моето семејство. Се радувам, бев во неверување кога Вељко ми соопшти, а потоа се помешаа емоциите. Не можам да го опишам чувството, се уште сум во еуфорија.Снаата ќе ја пазам повеќе од кога и да било за да новиот член ни пристигне во весела атмосфера“, напиша Цеца на „Инстаграм“.

https://www.instagram.com/p/B3rNw5iJNy4/

На почеток