Македонија

Заев: Ако не добиеме датум, веројатно ќе се уништи Владата, но ќе дојдат некои други и ќе го продолжат тој пат

Очекувам реформите во Европската унија да се движат заедно со процесот на проширување со Република Северна Македонија и Албанија, порача од Австрија премиерот Заев. Во изјавата дадена за српската агенција Танјуг, Заев вели:

“ Јас очекувам дека реформите можат да се движат во ЕУ а процесот на проширување да продолжи со Република Северна Македонија и Албанија. Тоа е многу важно бидејќи само така ќе продолжи мотивацијата, Западниот Балкан да се менува, подобрува и сто тоа да стигне поблиску до стандардите кои ги имаат земјите членки на ЕУ“.Алтернатива за нас нема. Ако не се донесе одлука ние не можеме да се откажеме од ЕУ. Секако дека ЕУ е нашата иднина. Веројатно ќе ја уништи Владата во Македонија. Но, ќе дојдат некои други и ќе го продолжат тој пат, рече Заев.

На почеток