Свет

Макрон: Како да им објаснам на граѓаните дека втората земја со најголем број барања за азил во Франција се луѓе од Албанија, но работите се толку розови што допрва ќе почнат преговорите за членство во ЕУ?

Реформа на Европската унија па потоа преговори,  порача  францускиот претседател Eмануел Mакрон синоќа на прес конференција  по средбата со германската канцеларка Aнгела

-Постојат работи што треба да ги завршиме претходно, пред да почнат преговорите. Мислам дека треба да ја реформираме процедурата, денес таа е неповратна непрогресивна и неадаптирана. Правиме чудни работи меѓу нас. Луѓето не го знаат тоа. Даваме слобода на движење меѓу нашите земји уште пред да почнат преговорите. Можеме слободно да патуваме со Албанија без визи, и покрај тоа што Албанија се уште не ги почнала преговорите. Ваквите односи се чудни. Мораме правилно да ги поставиме работите и на овој план бидејќи не функционираат добро. Благодарение на визната либерализација, денес во Франција имаме илјадници и илјадници луѓе што бараат азил. Како да им објаснам на нашите граѓани дека втората земја со најголем број барања за азил во Франција се луѓе што доаѓаат од Албанија, но работите се толку розови што допрва ќе почнат преговорите за членство во ЕУ, истакна францускиот претседател Макрон .

 

На почеток