Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски во интервју за ТВ 21 рече дека премиерот Зоран Заев во понеделник треба да си поднесе оставка затоа што недобивањето на преговори со ЕУ е одговорност само негова.
-Заев во понедленик да си поднесе оставка и потоа да преминеме кон формирање техничка влада, како што предвидува Пржинскиот договор. Сто дена техничка влада да ги подготви изборите, и после 100 дена од понеделник да има предвремени избори, истакна Николовски за ТВ 21.
Како рече тој, причината не е само ситуацијата со датумот за старт на преговорите со ЕУ, туку и поради неможноста да се спроведат реформите и како што тврди лошата економска состојба на граѓаните.