Свет

(ФОТО) Кај српска пејачка, најден цел арсенал оружје

Српската пејачка Радојка Кецман уапсена е заедно со државјанин на Шведска со иницијали С.Ж. поради основано сомнение дека извршиле кривично дело неовластено производство и држење на оружје.

Полицијата извршила претрес во станот во Нови Сад кој го користи Радојка и пронашла две автоматски пушки, а во претрес во уште еден стан кое го користело лицето од Шведска биле најдени 11 автоматски пушки, 11 гасни пиштоли, пригушувачи и поголема количина на оружје од различен калибар.

– Едната од запленетите пушки била премачкана со бел лак кој криминалците го користат за после злочинот биде лесно запавливо. Лакот му помага побрзо да изгори, а најчесто се премачкуваат пред да се изврши убиство. Поради тоа, истражителите веруваат дека акцијата за убиство била кон крајот, но уште се проверува кој бил метата – изјавил полициски инспектор за српските медиуми.

– Оружјето е ново, но сепак ќе биде испратено на вештачење за да се види дали и некој друг бил во контакт со него.

фото: телеграф.рс

На почеток