Време е да се обединиме и јасно да ја потврдиме нашата европска ориентација. Ние во Европа немаме непријатели, но мораме да ги продолжиме и да ги интензивираме реформите во државата. Разбирливо е дека во овие моменти постои чувство на разочараност но мораме да се соочиме со последиците“, рече претседателот Стево Пендаровски во своето обраќање во нацијата.
Тој додаде дека незадоволството од недобивањето на датум за почеток на преговорите не треба да се насочува кон одредени членки на Унијата и оти е време за политичко единство.
Претседателот нагласи дека сите досега потпишани меѓународни документи треба да продолжат да се спроведуваат.
Пендаровски кажа дека за в недела е закажана лидерска средба за која од сите поканети добил потврда за присуство.