Македонија

АНСА: Заев поднел оставка ? !

Премиерот  Зоран Заев поднел оставка – јави предмалку италијанската агенција АНСА која се повикува на европски дипломатски извори.

Веста на агенцијата АНСА веќе ја пренесоа неколку европски и балкански медиуми.

Од Владата нема потврда ниту демант на оваа информација која се шири низ медиумите.

Вест дека Заев поднел оставка предмалку објави и руската агенција „Спутник“ која додава и дека Заев за оставката ги известил и амбасадорите во Скопје.

ВЛАДА: Штом бидат донесени конечните одлуки, јавноста веднаш ќе биде информирана.

„Премиерот оствари комуникација и со премиерите на Германија, Шведска, Бугарија, Словенија, Малта и други европски лидери, вклучително и со еврокомесарот Јоханес Хан. Од сите европски лидери стигна јасна порака, со поддршка државата да продолжи по патот по кој тргна, да продолжи со реформите и интеграциите. Сите оддадоа јасно признание за сите чекори кои ги презеде Северна Македонија и дека земјата и граѓаните се целосно подготвени, но дека неколку земји на ЕУ не се подготвени“, брифираат од Владата.

Од таму додаваат дека штом бидат донесени конечните одлуки, јавноста веднаш ќе биде информирана.

На почеток