Македонија

Лидерите на партиите денеска ќе се договорат за датумот за предвремени парламентарни избори

На иницијатива на Претседателот Стево Пендаровски, декнеска во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“, со почеток во 17:00 часот ќе се одржи лидерска средба, на која ќе присуствуваат претседателите на најголемите парламентарни политички партии и од власта и од опозицијата.

 На лидерската средба се поканети претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, и претседателот на Движење Беса, Билал Касами.

На почеток