Македонија

Ла верита: Заев барал од Русковска да се одблокираат 750-те илјади евра од Силјан Мицевски

И покрај обидот со предвремени избори да ја избегне одговорноста и целата вина да ја насочи кон Европа, истрагата за случајот „Рекет“ ќе биде последниот удар за иднината на македонскиот премиер Зоран Заев, пишува италијанскиот весник Ла верита.

Обидот на луѓето од политичко-судскиот врв истрагата, во политичкиот дел, да заврши со обвинение само против Фросина Ременски, која како пратеничка на СДСМ беше и почесна претседателка на хуманитарната организација Меѓународен сојуз, нема да успее. Токму преку оваа невладина организација на Боки 13 поминуваа парите од многубројните активности за изнуда, пишува Ла верита, весникот што прв ги објави видео снимките од случајот „Рекет“, објави мкд.мк

Во ноември 2018 година Силјан Мицевски, човекот што се занимава со градежништво, на една стара госпоѓа, Лилјана Тодоровска ѝ платил 750 илјади евра за една брилијантна идеја за изградба на пензионерски домови. Госпоѓата кога ги примила парите на сметка, во банката била придружувана од двајца претставници на Меѓународниот сојуз, кои ја земале целата сума и потоа исчезнале со парите. Во овој случај, официјално под истрага се таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ, потпретседателката на Меѓународен сојуз.

Текстот во целост на: мкд.мк

 

На почеток