На 20.10.2019 во 01.30 часот на паркинг пред спортски објект во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Л.(20) и Н.Г.(25) од Тетово, бидејќи при извршен преглед кај нив биле пронајдени таблети екстази. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.