Потпретседателката на Собранието и осомничена во случајот Рекет во дело за меѓународниот сојуз Фросина Ременски Ташевска имала два телефони и двата и се наоѓаат на вештачење откако и се одземени при претресите во истрагата, објави Телма.мк. Од обвинителството за Телма потврдија дека сите предмети меѓу кои и телефони на осомничените се на вештачење за дополнителни траги и сознанија потребни за истрагата. Претрес е вршен во домот на Ременски, додека не е вршен во кабинетот на потпретседателката во Парламентот.
Пратеничката имала два телефонски броја, но истрагата утврдила дека еден од апаратите кој и бил одземен бил нов односно почнала да го користи на 11-ти јули. Телефонот кој претходно го користела не е одземен при претресите. Сега со вештачењето може да се откријат и извадат само податоци од новиот апарат, а за дополнителни анализи на комуникациите обвинителството може да побара информации од операторот чиј број користела пратеничката.
Текстот во целост на: Телма.мк