Македонија

Кражба на дрва,кривични пријави за референт во ЈП „Македонски шуми“ и сопственик на правен субјект

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против правниот субјект „Сува Гора“ и сопственикот С.А.(51) од селото Чифлик-Желино. Со пријавата, за сторено дело „кражба“, опфатени се и С.Д.(35), од дебарското с.Могорче и А.К.(33) од Дебар, референт во Јавното претпријатие „Македонски шуми“-Стогово. Тие, по претходен меѓусебен договор, на 09.10.2019 година, извршиле кражба на огревни букови дрва . За огревната маса не обезбедиле испратница за транспорт, не извршиле  чекирање на огревните дрва и ги натовариле во товарно возило „мерцедес“, сопственост на сопственикот на правниот субјект.

На почеток