Македонија

(ВИДЕО) Пендаровски: Имаме државен консензус, независно од заклучоците на ЕУ самитот, согласност од сите присутни, дека ние немаме проблем со новата методологија, која се бара

Кај претседателот Стево Пендаровски се одржува лидерска средба откако на Самитот на ЕУ пред неколку дена не беше одреден датум за почеток на пристапните преговори на нашата земја. Главна тема се предвремените парламентарни избори.

  • Имаме државен консензус, независно од заклучоците на ЕУ самитот, согласност од сите присутни, дека ние немаме проблем со новата методологија, која се бара. Се согласија дека немаат проблем со реверзибилниот процес, бидејќи немаме од што да се плашиме, и сите присутни рекоа дека не за какви било алтернативи за приклучување на процесот. Имаше предлози да не стават во категорија СОСЕДСТВО, но ние сме дел од Европа, и ние не бараме никаква алтернатива, само како полноправна членка на организацијата, изјави претседателот.

На лидерската присуствуваат лидерите на СДСМ, Зоран Заев, на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на ДУИ, Али Ахмети, на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, на „Алтернатива“, Африм Гаши и на Движењето „Беса“, Билал Касами.

Изјавата како што рече претседателот е по првиот дел од средбата. Средбата продолжува по втората точка за предвремени избори.

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/414197345932731/

На почеток