Македонија

Таткото на Боки 13: Јас не сум Силвестер Сталоне па за една минута да го истепам попот

Се одложи првото рочиште за случајот во кој е обвинет Миле Јовановски, таткото на Боки 13-ка, дека физички го нападнал неговиот сосед попот Виктор Стојчев. Таткото на Бојан Јовановски-Боки 13, не се чувствува виновен ниту во случајот „Рекет“, ниту во судската постапка која се води против него со обвинение дека му нанел тешки телесни повреди на попот Виктор Стојчев поради паркинг место.

По денешното рочиште тој за медиумите изјави дека не е возможно да го повредил попот.

-Не се чувствувам виновен. Јас не сум Силвестер Сталоне па за една минута да го истепам  – рече Јовановски.

На рочиштето не дојде обвинителката Имран Османи која го застапува попот Стојчев.

 

На почеток